Search

Османи до волонтерите во Молдавија: „Вашата посветеност и страст да им помагате на луѓето се инспирација“

Претседавачот со ОБСЕ Бујар Османи, денеска оствари посета со граѓанската иницијатива „Молдавија за мир“; организација создадена за да обезбеди помош за бегалците по руската агресија врз Украина.

Во рамки на посетата тој имаше прилика да ги запознае, ни и директно да ги поддржи младите волонтери од Молдавија и Украина кои секојдневно им помагаат на луѓето на терен преку обезбедување пакети со основни намирници за бегалците, управување со нивната миграција од соседната земја итн.

Сведочејќи ја нивната напорна и несебична поддршка за украинските бегалци погодени од војната, Османи изрази длабока почит кон овие млади волонтери, нарекувајќи ја нивната посветеност „вистинска инспирација“.

„Вашата посветеност и страст да им помагаат на луѓето се вистинска инспирација“, рече Османи, додавајќи дека ОБСЕ ќе продолжи да вложува во ваквите проекти преку кои се нуди директна и опиплива корист за оние на кои им е најпотребна.

Инаку оваа посета на организацијата „Молдавија за мир“ се реализираше во рамки на дводневната агенда на Претседавачот со ОБСЕ Бујар Османи за посета на Молдавија. Тој во Молдавија престојува денес и утре, а ова е втора по ред посета на Мисија на ОБСЕ, од почетокот на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата.

Како што беше и претходно најавено, работата на теренските мисии ќе биде еден од главните приоритети на претседавањето на нашата земја со ОБСЕ.

Треба да знаете
Последни објави