Дрес на Коби продаден за речиси шест милиони долари

Дресот на легендата на кошарката Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година, е продаден на аукција за 5,8 милиони долари, што е трета највисока цена за спортски дрес по оние на Мајкл Џордан и Диего Марадона, објави аукциската куќа Сотби.

„Овој дрес е икона, вистинска реткост кога станува збор за спортска опрема. Коби го носеше 25 пати во текот на сезоната 2007/2008, кога беше прогласен за МВП на сезоната“, објавија од Стоби.

Жолто-виолетовиот дрес со број 24 на Коби Брајант го купи лице кое сакаше да остане анонимно.

Во септември минатата година, дресот со број 23 на Чикаго Булс што го носеше Мајкл Џордан за време на неговата последна сезона во НБА лигата во 1998 година достигна цена од 10,1 милиони долари, додека во мај беше купен дресот што го носеше капитенот на Аргентина Диего Марадона на Светското првенство во 1986, за 9,3 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави