Крмов во Свети Николе: Мобилизација против уставните измени

Пратеникот од Левица Борислав Крмов беше во теренска посета на локалниот огранок во Свети Николе, каде со членството се дискутираа клучни теми и се координираа активностите на краток рок.

Влегувајќи во завршницата од великобугарските апетити за разнебитување на државата, кога пред нас е непосредното сплотување на широка коалиција за уставните измени, Левица излегува на терен помеѓу своето членство и македонскиот народ, за артикулација и припрема за одговор на оваа опасна насока во која се движиме.

Неизбежно, народот во Левица препознава автентичен сојузник за зачувувањето на државата и враќање на достоинството! 

Треба да знаете
Последни објави