Search

Јунајтед губеше 0-2, но извлече реми против Лидс 

Манчестер јунајтед одигра без победник 2-2 на домашен терен против Лидс јунајтед во заостанатиот натпревар од 8. коло во англиската Премиер-лига.
Натпреварот почна шокантно за Манчестер јунајтед, уште во првата минута Њонто постигна гол за водство на Лидс од 1-0.

Како што почна шокантно првиот дел, така стартуваше и второто полувреме, во 48. минута Варан си постигна автогол за предност на Лидс и од 2-0.

Тен Хаг во 59. минута го стави Санчо во игра место Вегхорст. Рашфорд отиде на позицијата централен напаѓач и овој потег го смени мечот.

Само три минути подоцна Рашфорд даде гол со глава за 2-1, а во 70. минута Санчо реализираше за 2-2. Тоа беше негов прв гол по пет месеци.

До крајот Манчестер јунајтед притискаше да даде и трет гол, но мрежите не се затресоа повеќе.
Јунајтед во моментов е трети со 43 бода, но со еден натпревар повеќе од второласираниот Сити со 45 и два меча повеќе од лидерот Арсенал со 50 бода.
Четврти е Њукасл со 40 поени, со меч помалку.

Треба да знаете
Последни објави