Search

Ѓорчев: Имаме прилично бескорисен претседател, обичен позер кој само се слика и тера ПР, додека државата му пука по сите шевови

Фејсбук статус на Влатко Ѓорчев

„Имаме прилично бескорисен претседател. Обичен позер кој само се слика и тера ПР, додека државата му пука по сите шевови. Државата му се распаѓа по СИТЕ основи (економија, иселување, државност), народот умира, а тој со прст НЕ мрда. Нотар кој само става параф на СИТЕ политики на Заев и Таче. Умреа 10.000 луѓе од ковид, а тој не најде ниту 1 (една) вакцина. Задолжувањето галопира, доаѓа банкрот, а тој се’ потпишува и молчи.
Пендаровски нема донесено 1 (една) инвестиција. Зихерашки тера “софт” теми, а Македонија тоне и исчезнува. Тотално бескорисен, изгубен во времето и просторот.

Треба да знаете
Последни објави