Search

Шеесет часа по земјотресот во Турција од урнатините спасени 6 лица, меѓу кои две деца

Шест лица, меѓу кои и две деца на возраст од 4 и 7 години, се извлечени живи од урнатините 60 часа по земјотресот што ја погоди Турција, јави Си-Ен-Ен Турк.

Камерите на Си-Ен-Ен Турк покажаа здравствени службеници како трчаат кон урнатините во градот Кахраманмараш.

Неколку минути подоцна тие покажаа член на спасувачкиот тим како носи дете со кратка, кадрава коса.

Новинарката на Си-Ен-Ен Турка ја нарече операцијата неверојатна, а спасувањето чудесно.

На социјалните мрежи се појави видео од спасувачката операција, а според извештаите првото прашање на четиригодишното момче било „Каде е татко ми?“

Според последните податоци, повеќе од 11.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија југоисточна Турција и северна Сирија.

Студеното време низ Турција и Сирија ја комплицираше потрагата по преживеани, бидејќи ниските температури го зголемуваат ризикот од хипотермија за луѓето затрупани под урнатините.

Треба да знаете
Последни објави