Search

Тедеско нов селектор на Белгија

 Доменико Тедеско е назначен за селектор на белгиската фудбалска репрезентација. Договорот со 37-годишниот Италијанец е со важност до крајот на Евро 2024 година.

Задачата на Тедеско е да ја однесе Белгија на Европското првенство.

Претходната работа на Тедеско беше Лајпциг. Пред тоа тој ги предводеше и Спартак Москва и Шалке.

Пред Тедеско, селектор на белгиската репрезентација беше Роберто Мартинез, кој по шест години ја напушти функцијата, откако не успеа да се пласира во плејофот на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Репрезентацијата на Белгија, во квалификациите за Европското првенство 2024 е во група со Шведска, Австрија, Естонија и Азербејџан. Првиот натпревар Белгијците ќе го одиграат на 24 март против Шведска.

Треба да знаете
Последни објави