Search

Советничката на Асад обвинува: Сета опрема е испратена во Турција, од Европа не стигна нито за Сирија

Советничката на сирискиот претседател Башар ал Асад го обвини Западот дека испраќа хуманитарна помош само до деловите на Сирија кои се под контрола на бунтовниците.

Бутаина Шабан го опиша земјотресот како „катастрофа“, додавајќи дека безброј луѓе се уште се заробени под урнатините во деловите на земјата кои се под контрола на владата.

Шабан упати остро обвинение против Западот, нагласувајќи дека западните земји испраќаат помош само „таму каде што има терористи“.

– Владата на Сирија и граѓаните на Сирија, од сите сфери на животот и од сите делови на Сирија, даваат се од себе да помогнат. За жал, Западот се грижи само за областите каде што има терористи, каде што се Белите шлемови, но не се грижат за областите каде што живеат мнозинството Сиријци – изјави советникот на сирискиот претседател.

Најголем дел од парите и целата опрема од Европа и САД беа испратени само во Турција, а во Сирија ништо од Европа – додаде Шабан.

Таа рече дека САД и Европа не дозволуваат Сиријците да префрлаат пари на членовите на нивните семејства.

Ве молам, оставете ја политиката на страна. Вистина е дека САД и Европа ги штитат само Белите шлемови. Ова е апсолутна вистина за тоа што се случува во Сирија – заклучи советникот на сирискиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави