Search

Премија од по 250.000 евра за фудбалерите на Ал-Хилал

Саудискиот милијардер, принцот Ал Валид бин Талал Ал Сауд, одлучи да ги награди фудбалерите на Ал-Хилал со по 1.000.000 ријали (250.000 евра) за пласманот во финалето на Светското клупско првенство.

Фудбалерите на Ал-Хилал синоќа го победија Фламенго со 3:2 и се пласираа во финалето на натпреварувањето кое ги собира најдобрите тимови од сите континенти на светот.

За големиот, историски успех, саудискиот принц Ал Валид бин Талал Ал Сауд ќе им додели бонуси од 250.000 евра, а доколку го освојат трофејот ќе добијат двојно повеќе, половина милион евра.

Во второто полуфинале на Светското клупско првенство, вечерва се среќаваат Реал Мадрид и египетскиот клуб, Ал Ахли.

Треба да знаете
Последни објави