Search

Османи – Аурески: ЕУ членството е најдобра гаранција за растечките закани

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со својот хомолог од Романија, министерот за надворешни работи, Богдан Ауреску.

Во фокусот на разговорот беа билатералните односи и соработка меѓу двете држави, пристапниот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ и романската поддршка во тој контекст.

„Романија во континуитет дава цврста поддршка на заокружувањето на европската агенда на Северна Македонија и останатите земји од Западен Балкан, како едно од клучните приоритети на својата надворешна политика” изјави Османи за време на разговорот, подвлекувајќи ја важноста на што поскоро завршување на тој процес, како најдобра гаранција за растечките закани по европскиот континент. 

Беше нагласено дека руската агресија длабоко ги променила геополитичките околности, а со тоа и потребата од суштинска координација во рамките на регионалните и меѓународни механизми на соработка. 

Соговорниците разменија мислења за тековните активности и приоритетите на Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ, САД-Јадранската повелба, како и претстојното претседавање со Процесот за соработка во југо-источна Европа, кое започнува во јули, и каде членува и Романија.

Министрите разговараа и за начините како да се унапреди економската соработка, која заостанува во однос на многу добрите политички односи. Минатата година Романија била 13ти најголем трговски партнер на Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави