Search

Куче херој од Србија: Спасува жртви од земјотресот во Турција

Службеното куче на Министерството за внатрешни работи на Одделението за вонредни состојби на Србија, е испратено како рамноправен член на Специјалистичкиот тим за спасување од урнатините во мисијата за помош на загрозените во Турција.

Зиги, старо 9 години, е белгиски овчар и е обучен и квалификуван да бара и спасува живи луѓе од урнатините и на отворено. Тој поминал низ основна обука за послушност, како и основна обука за спасување и пребарување.

Учествувал во неколку спасувачки операции и во неколку меѓународни вежби во Словенија и Србија.

Водич на ова службено куче е Мили Радојевиќ, пожарникар-спасител и член на Специјалистичката екипа за спасување од урнатини, кој за своите подвизи беше награден и со плакета за исклучителна храброст во 2018 година.

Водичите на службените кучиња поминале низ повеќе обуки во земјата и странство.

Треба да знаете
Последни објави