Search

И Општина Кочани ќе вработува, 4 милиони денари за привремени вработувања

Општина Кочани склучила договор со приватна агенција за вработувања, за времени вработувања во администрацијата.

За таа цел од буџетската каса се одвоени четири милиони денари или близу 70.000 евра, пари што ќе се потрошат за една година.

Претходно договор со приватна агенција за вработување склучи и општина Аеродром во вредност од пет милиони денари или над 80.000, а договорот беше склучен само неколку денови откако градоначалникот на оваа општина реши да ја задолжи општината со обврзница од 5,4 милиони евра.

Јануари и февруари, традиционално се месеците кога единиците на локалната самоуправа но и другите државни органи склучуваат договори за времени вработувања, кои во јавноста се толкуваат како згрижување на партиски членови.

Треба да знаете
Последни објави