Search

Во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ донирана нова и софистицирана опрема

Во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“, денеска беше пуштена во употреба донирана опрема обезбедена со поддршка од Светска банка, во вредност од 1,1 милион евра.

Министерот за здравство изрази надеж дека опремата ќе служи многу долг период.

-Денеска пуштаме во употреба еден компјутерски томограф, два мобилни ренген апарти и третиот дигитален ренген апаратм кој е веќе на монтажа и во завршна фаза. Најпрвин на вработените на клиниката им посакувам здравје и успешна работа со новата апаратура која ќе овозможува рана дијагностика и навремена дијагностика. А на пациентите пред се им посакувам здравје, а по потреба да се обратат на оваа фреквентна болница. Се работи за најмодерна софстицирана дигитална апаратура која во државата се надевам во следните години ќе не служи без никаков проблем, изјави министерот.

Информира дека со оваа донација се опфатени 14 јавни здравствени установи.

-Се работи за пет клиники и три клинички болници во државата тоа се Тетово, Штип и Битола и неколку општи болници во државата и една специјализирана болница, тоа е болницата за кардиоваскуларни интервенции во Охрид, рече Сали.

Директорот на клиниката  д-р. Љубен Арсенков изрази благодарност за донацијата и оцени дека оваа опрема ќе биде од извонредно значење за поефикасен и поадекватен третман на пациентите. 

Треба да знаете
Последни објави