Search

Вардар против Татран ќе брка победа со пет голови разлика

Македонскиот ракометен шампион во машка конкуренција Вардар за два дена го очекува натпревар со Татран Прешов во СЕХА-лигата.

На минатонеделното гостување во Словачка, „црвено-црните“ загубија со 27:23, па во возвратнио дуел посакуваат победа со пет голови разлика.

Тренерот на Вардар, Владо Недановски

– На гостувањето кај Татран добро почнавме, но уморто и невоиграноста си го сторија своето. одигравме добро, имавме и водство, но потоа дојде до пад во играта. За претстојниот натпревар добро се подготвуваме. Ја анализираме играта на противникот. Ќе одиме на победа, по можност да биде изразена со повеќе од четири голови разлика. Имаме повредени, но ќе направиме се да ги освоиме бодовите.

Натпреварот ќе се игра в пето со почеток во 18:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. 

Треба да знаете
Последни објави