Search

Спасовски: Со голема тага ја примив веста за смртта на македонскиот хармоникашки виртуоз Завков

Со голема тага ја примив веста за смртта на македонскиот хармоникашки виртуоз, врвен инструменталист и композитор, првенец на Танец и раководител на оркестарот, Милан Завков.

Како дел од ансамблот „Танец“ симболот на македонскиот традиционален фолклор, Завков беше инспирација на бројни генерации музичари, а со над четири деценискиот опус на композиции и остварени врвни музички интерпретации, може да се нарече доајен на македонската музика напиша Спасовски.

Искрено сочувство до семејството ма Милан Завков, како и до љубителите на македонската музика. Слава му!

Треба да знаете
Последни објави