Search

Галатасарај го направи најголемиот трансфер во историјата на Турција

Фудбалскиот клуб Галатасарај го урна турскиот рекорд со трансферот на Николо Заниоло. Италијанскиот репрезентативец во Истанбул се пресели од Рома за 20 милиони евра.Заниоло беше миленик на навивачите на Рома и предодреден да го наследи Франческо Тоти. Младиот офанзивец и италијански репрезентативец влезе во клупската историја, кога го постигна единствениот гол против Феенорд во финалето на Лигата на конференцијата за првиот европски трофеј на Рома.

Сепак, оваа сезона се случи шокантен пресврт. Заниоло побара трансфер во зимскиот преоден рок. Ова ги налути навивачите, а клубот по првичниот шок порача дека може да оди, но само со обештетување од 35 милиони евра. Многу клубови го посакуваа Заниоло, но само Борнмут покажа решителност да го лати обесштетувањето.

Заниоло одби да се пресели во Англија, истакнувајќи дека посакува трансфер во Милан. Сепак Рома не ги прифати условите што ги понудија челниците на италијанскиот шампион.

Така Заниоло остана во Рома, осуден да тренира со младиот тим до крајот на сезоната.

Галатасарај сензационално му понуди спас, а Заниоло го прифати и си замина од Рома за која на 128 натпревари постигна 24 гола и забележа 18 асистенции.

Заниоло од Галатасарај доби договор до 2027 година и плата од 3,5 милиони евра по сезона. Во неговиот договор откупната клаузула изнесува 35 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави