Search

(Видео) Како тинејџерот од Матејче со „туран“ го здроби полицискиот „спарк“

Макфакс објави видео од страшната сообрачајка која се случи во неделата во Куманово, кога тинејџер предизвика судир во кој настрааа петмина. Од видеото се гледа дека е вистинска среќа што во несреќата нема загинати, но и дека на полициското возило не му работи левиот фар.

На 05.02.2023 околу 21.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар” и „Пиринска Македонија” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран” со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.И.(19) од село Матејче, липковско и патничко возило „шевролет спарк”, сопственост на МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген” и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во Општа болница Куманово.

Треба да знаете
Последни објави