Скопјани се солидаризираат: Голем број на граѓани донираат за настраданите од земјотресот

Голем број на граѓани и компании донираат облека, обувки, покуќнина, храна, вода и хигиенски производи за семејствата кои останаа без домови по разорниот земјотрес кој синоќа ги погоди Турција и Сирија.

Дваесет и четири припадници на армијата, 10 илјади ќебиња и 200 санитетски носила се испраќат за помош во Турција. Од дирекцијата за заштита и спасување се испраќаат 40 лица со комплетна специјализирана опрема и материјално – технички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.

Министерството за финансии е задолжено до владата да достави одлука за одобрување средства од резервите на буџетот на Македонија за 2023 година, во износ од 6 милиони денари за помош на настраданитево катастрофалниот земјотрес.

Задолженија има и до други институции.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави