Search

САД ја поздравуваат деескалцијата на реториката меѓу Софија и Скопје

САД ги поздравуваат напорите на лидерите на Бугарија и на Северна Македонија за деескалција на реториката и за тоа што охрабрија достојно чествување во Скопје на денот на раѓањето на Гоце Делчев, се вели во изјавата на Стејт департментот дадена денеска на барање на МИА. 

На прашање од МИА дали САД сметаат дека бугарската реакција околу нападот во Охрид врз едно лице, како и декларацијата изгласана во Собранието на Бугарија, е преувеличување до невидени размери од страна на официјална Софија, Вашингтон одговори дека Софија и Скопје веќе работат на деескалација на ретороиката и го поздравија мирното чествување на роденденот на Делчев.

-Иднината на Северна Македонија е во ЕУ. САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатлантска интеграција на Северна Македонија, изјави официјален Вашингтон.

Треба да знаете
Последни објави