Search

(Фото) На скопскиот плоштад отворен пункт за помош на настраданите семејства во земјотресите во Турција

На плоштадот Македонија во Скопје попладнево е отворен пункт за донации за семејставата на настраданите во страотните земјотреси што денеска ја погодија Турција.

Граѓани, компании донираат облека, обувки, покуќнина, храна, вода и хигиенски производи за семејствата што во земјотресите останаа без ништо.

Пунктот ќе биде во фунцкија се додека е потребно, а скопјани масовно донираат согласно своите можности.

Скопје уште еднаш докажува дека е град на солидарсноста, подготвен да помогне секому кој има потреба за тоа.

Треба да знаете
Последни објави