Search

Битиќи: Над 10 милиони евра враќаме назад кај граѓаните преку данокот за солидарност

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа порача дека Законот за данокот за екстра профит.

-Со законот ќе бидат опфатени сите компании со над 10 милиони приход како прв критериум, а втор критериум е профитот – последните две години ако профитот им е во раст во рамки од 20% не ги опфаќаме, без разлика дали имаат приходи над 10 милиони евра, кажа Битиќи.

Битиќи посочи дека популарно наречениот данок на солидарност ќе важи само за оваа година а средствата ќе бидат насочени за антикризни мерки.

-Стопанствениците многу помогнаа и претходно, видовме и преку солидарниот фондво короната, со кој потоа купувавме опрема и други потребни работи за да се справиме со ковид. Во цела Европа се воспоставува данокот на солидарност, не отидовме ние на најдрастичното решение. Проекциите се дека би требало десетина милиони евра да бидат приходите. Секој еден денар е битен и се радувам на решението што го донесовме, бидејќи средствата ќе ги вратиме кај што е најпотребно – кај граѓаните, порача вицепремиерот Битиќи на Телевизија 24.

Треба да знаете
Последни објави