Search

24инфо.мк со нов современ дизајн и со унапредени перформанси за уште подобри кориснички искуства

Од денес, 5 февруари порталот 24инфо.мк е ребрендиран со нов современ визуелен идентитет и со значително подобрени технички веб перформанси.

Ваков чекор е преземен со цел да се обезбедат подобри кориснички искуства. Точните и веродостојни информации кои се основна карактеристика на медиумските содржини на 24инфо.мк, од денес за сите македонски граѓани и за сите кои го разбираат македонскиот јазик се достапни на унапредената дигитална веб платформа на медиумот. Во следните месеци заради досег на содржините до што е можно пошироки публики од нашето диверзитетно општество и до публики и од регионот и пошироко, содржините ќе станат достапни и на англиски, албански, турски и српски јазик.

24инфо.мк беше основан и пуштен во етер на 01.10.2017 и веќе пет и пол години е во постојан раст со постојано зајакнување на врската со своите читатели. Во медиумот работат искусни професионалнци со повеќе од дваесет години искуство во новинарството, посветени на веродостојноста и на публиките.

24инфо.мк им благодари на сите свои читатели и на сите соработници и поддржувачи кои го овозможија овој чекор напред.

Треба да знаете
Последни објави