Search

Невреме со силен ветар го зафати регионот, во Белград паѓаа дрва и бандери

Невреме предизвикано од силен ветар го зафати денеска балканскиот регион. Ветарот кој достигнувал и до 150 километри на час предизвикал штети во повеќе делови на Хрватска, каде има откорнати дрва, оштетени кровови и првевртени возила. Најмногу штета е евидентирана во Славонија. Хрватскиот хидрометереолошки завод издал црвен аларм за целото хрватско приморје, јавуваат хрватските медиуми

Снежните вржнежи проследени со силен ветар им предизвикуваат проблеми на возачите на територијата на БиХ.

Врнежи од дожд, град и силен ветар направија хаос во Србија. Во некои делови од Белград денеска има откорнати дрвја и бандери што предизвикаа хаос во сообраќајот. А, големи штети од невремето има и во Нови Сад.

Треба да знаете
Последни објави