Search

Кејн му пресуди на Манчесте сити и испиша клупска историја

Актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити има големи проблеми кога игра против Тотенхем. За тоа нов доказ е вечерашниот меч на кој „граѓаните“ се шпоразен на гостувањето во Лондон (1:0)

„Граѓаните“ имаа можност со позитивен резултат да ја намалат негативата во однос на лидерот Арсенал кој вчера загуби од Евертон, меѓутоа таа нивна цел не ја остварија и понатаму остануваат на минус пет од „топчиите“.

Решавачкиот момент на дербито беше во 15 минута кога Кејн го совлада Едерсон и испиша нова старница во историјата на Тотенхем. Капитенот Кејн стана најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем, а воедно и трет играч со најмалку 200 постигнати голови во ПЛ со што им се приклучи на Вејн Руни и Алан Ширер.

Треба да знаете
Последни објави