Search

Државнички пристап на институциите во одбележувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев

Наспроти неколкунеделните најави за инциденти, провокации и тензии, денешното одбележување на 151 година од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи не дозволија ескалација на тензинчната атмосфера на граничниот премин Деве Баир и евентуални поголеми инциденти на територијата на Македонија.

Во Скопје исто така пропаднаа најавите за инциденти и провокации при чествувањето.

Делегациите од сите државни институции од сите општествено политички субјекти непречено оддадоа почит на гробот на македонскиот великан.

Се на се, смиреноста, одмереноста и државничкиот однос на Претседателот, премиерот, Владата и поголем дел од партиите придонесоа спречување на инциденти.

Гоце Делчев треба да е горд, неговата држава испорача заштита на неговиот идеал.

Треба да знаете
Последни објави