Search

Голема победа на МЗТ против Цедевита Олимпија

МЗТ Скопје конечно блесна во АБА лигата и успеа да забележи огромна победа во битката за опстанок, а вечерва во „Јане Сандански“ падна фаворитот Цедевита Олимпија.

Предводени од расположените стрелци Кијандре Кук со 26 поени и Војдан Стојановски со 18 домаќините победија со 79:74 што им е трет триумф во 18 натпревари.

МЗТ почна одлично и поведе со 8:2, но гостите направија пресврт и го добија првиот период со 21:19.

Во вториот период домаќините блескаа и направија голема предност од 37:23, но брзаа непотребно во финишот на првото полуврема, па Цедевита Олимпија намали на 41:35.

Разликата од 3 до 9 разлика скопјани ја одржуваа и во третиот период, а финалето, односно последната четвртина беше возбудлива.

МЗТ ја почна со 7 поени разлика, но гостите брзо успеаа да израмнат на 64:64 како најава за драма.

Сепак кога беше најпотребно домаќините беа на највисоко ниво и во финишот на мечот стасаа до многу значајна победа.

Покрај двајцата најдобри стрелци Кук и Војдан Стојановски кои искомбинираа 41 поен, се истакнаа и Кефи со 14 поени и Абу со 10 поени.

Кај гостите Адамс беше најефикасен со 15 поени.

Следниот меч за МЗТ Скопје во Јадранската лига е во Бар против Морнар на 10. февруари.

Треба да знаете
Последни објави