Search

По Денаро, уапсен и Греко осомничен убиец – мафијаш во бегство, водел пицерија со лажен идентитет

Осомничен мафијаш кој поминал 16 години во бегство е уапсен во Сент Етјен во централниот дел на Франција, соопшти Интерпол.

Едгардо Греко (63), наводен член на калабриската мафија – Ндрангета – беше уапсен во четвртокот наутро.

Тој беше осуден на доживотен затвор за две убиства извршени во јануари 1991 година и обид за убиство во јули 1991 година.

Греко беше уапсен од француската полиција со информации обезбедени од италијанските карабинери, споделени меѓу двете партнерски земји благодарение на проектот I-Can (соработка на Интерпол против Ндрангета).

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси изјави дека е многу задоволен од важната заедничка операција.

„Активноста на органите за спроведување на законот е непрекината, тивко вклучена од ден на ден, во Италија и во странство, во континуирана работа за заштита на безбедноста на граѓаните“, напиша тој на Твитер. „Силната акција на државата против сите форми на организиран криминал“ ќе продолжи „одлучно“.

Едгардо Греко работел како производител на пица во пицерија во Сент Етјен, под името Паоло Димитри – идентитет на криминалец од Пуља, според италијанската новинска агенција АГИ.

Тој наводно бил член на кланот Перна-Прано, кој бил најважен во градот Козенца, каде што живеел.

„Тој се смета за заеднички одговорен за заседата од 5 јануари 1991 година, која ги чинеше живот  браќата Стефано и Џузепе Б. кои сакаа поголема автономија и внимание меѓу клановите на Козенца“, се вели во соопштението за печатот на италијанските карабинери.

Жртвите биле убиени „со железни шипки во складиште за риби и нивните тела исчезнале и никогаш не биле пронајдени“, се вели во соопштението на Карабинерите.

Минатиот месец карабинерите го уапсија најбараниот италијански мафијаш Матео Месина Денаро, кој беше пронајден како се крие во Палермо, Сицилија по 30 години бегство.

Извор Новатв

Треба да знаете
Последни објави