Search

Песков: Кремљ разбира дека Србија е под невиден притисок од Западот

Кремљ разбира дека раководството на Србија е под невиден притисок од Западот и ја цени позицијата на српскиот претседател Александар Вучиќ надевајќи се на понатамошен нагорен развој на односите меѓу двете земји, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ние целосно го разбираме невидениот притисок на колективниот Запад врз српското раководство и напорите што ги дава српското раководство за да го издржи овој притисок до денес“, рече Песков, пренесе ТАСС.

Тој посочи дека Русија високо го цени ваквиот однос на српското раководство и се надева дека билатералните односи ќе продолжат да се развиваат по нагорна траекторија, пренесе „Танјуг“.

Треба да знаете
Последни објави