Search

Костовски: Нема промена во ВМРО-ДПМНЕ, иста насилничка матрица, амнестија за 27 април е е неприфатливо

За Мартин Костовски, пратеник на СДСМ е неприфатлив поднесениот Закон за амнестија за сите осудени за 27 април, предлог поднесен од ВМРО-ДПМНЕ.

-Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат повторно се покажува на дело. Опструираа, кочеа и никаде ги немаше кога беше потребно да се донесе сет, односно неколку сета на антикризни мерки во сред економска, ковид криза, тогаш бегаа.Кога станува збор за насилници тие се први и се гласни и секогаш биле такви. Ова е уште еден еклатантен доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ буквално ништо не е сменето. Истата матрица, истите луѓе, истите навики, истите политики.
Ние сме конзистентни во нашите ставови, за нас не е прифатливo амнестија за насилници којшто влегоа на тој црн 27 април, рече Костовски.

Треба да знаете
Последни објави