Search

Дизелот поевтинува за два денари, цената на бензините останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98 % во однос на одлуката од 1.2.2023 година.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 2,00 денара/л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 2,00 денара/л и сега ќе изнесува 78,50 денари/л.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.

Од 4.2.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 84,00 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 86,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 80,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,50 (денари/литар)

„Мазут М-1 НС“ – 41,346 (денар/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 3,027 %, кај дизелот 4,547 %, кај екстра-лесното масло 3,844 % и кај мазутот зголемување од 0,892 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,018 %.

Треба да знаете
Последни објави