Search

ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за целосна амнестија на лицата осудени за 27 Април

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесе Предлог закон за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година. Како што појасни координаторот на пратеничката група на опозициската партија, овој закон е резултат на иницијативата и заедничкаат заложба на адвокатите Јанаки Митрески и Драган Пешевски и целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

-Многу важно е да се напомене дека е само продолжение на претходниот закон за амнестија кој што е донесен во декември 2018 година, но со една голема и суштинска исправка а тоа е надминување на селективноста и селективната правда која што произлегуваше од законот донесен во 2018 година, истакна Мицевски.

Со овој закон, потенцираше тој, ќе бидат опфатени сите осудени лица за настаните од 27 април без исклучок.

Пратениците од опозициската партија ги повикаа своите колеги од владејачкото мнозинство да го поддржат законот. Доколку не го сторат тоа, ќе покаже и докаже дека, како што рече Мицевски, „за нив селективноста е на прво место, а владеењето на правдата ги нема никаде“.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ исто така истакна дека дале поддршка на адвокатите двата процеси да одат паралелно односно да се чека одлуката од Врховниот суд по барањето за вонредно преиспитување на пресудата и носење на закон за амнестија.

Треба да знаете
Последни објави