Search

(Видео) Велосипедист остана да виси од мост по судир на голема група велосипедисти

Неверојатна сцена ја одбележа втората етапа на велосипедската трка Етоал де Бесеж што се одржа во Франција. По големата несреќа што се случи на 24 километри пред целта, еден велосипедист буквално остана да виси од камениот мост, држејќи се со рацете за работ.

Малиот мост се покажа како претесен за толпата која во тој момент се обидуваше да го помине. Тоа резултираше со голема несреќа во која најлошо помина 24-годишниот француски велосипедист Валентин Ферон.

Член на тимот на TotalEnergies бил отфрлен на ѕидот на мостот од десната страна на патот и за малку ќе паднал во провалија. На драматичното видео се гледа како тој виси на мостот, но оваа застрашувачка ситуација, за среќа, имаше позитивен исход.

Ферон успеа да се врати со помош на Аксел Лоранс од тимот Alpecin-Deceuninck.

– Беше малку напнато. Направив се што можев за да го избегнам падот, но тоа беше неизбежно. Завршив во куп, а потоа наеднаш се најдов со залепени раце за ѕид и со нозете во воздух, не знам ни како. За среќа, Аксел Лоранс многу ми помогна да се вратам на пат и му благодарам за тоа – опиша подоцна Ферон кој, за среќа, помина без посериозни последици.

Треба да знаете
Последни објави