Search

Ципрас: Дилемата на изборите е демократија или Мицотакис

Дилемата на изборите е демократија или Мицотакис, порачал лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА Алексис Ципрас за време на неговиот говор во атинска населба, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Ципрас детално се осврнал на скандалот со прислушувањата, истакнувајќи дека Мицотакис не користел само „парадржавни методи“, туку следењата биле „метод на владеење“.

Додал дека предлогот за недоверба на Владата што од СИРИЗА беше доставен до Парламентот, сега се префрла на народот.

Треба да знаете
Последни објави