Search

Украдени ракавиците на Ѕоф со кои бранеше на СП 1982

Неидентификувани лица ги украле ракавиците на поранешниот голман на италијанската фудбалска репрезентација Дино Ѕоф, со кои го чуваше голот на Светското првенство во 1982 и стигна до шампионскиот трофеј.

Како што објави „газета дело спорт“ ракавиците беа изложени на хуманитарна вечер во Рим посветена на 100-годишнината од италијанската репрезентација.

Ѕоф на 40-годишна возраст беше капитен на националниот тим на Светското првенство во Шпанија во 1982 година. Италија во финалето на тој мундијал ја победи Западна Германија со 3:1.

Ѕоф беше прогласен за најдобар голман на турнирот.

Треба да знаете
Последни објави