Search

Петмина загинати во пожар на Крим

Пет лица загинаа во пожар во зграда во која се сместени градежни работници во пристанишниот град Севастопол, на црноморскиот полуостров Крим, пренесе ДПА.

Телата на загинатите мажи биле откриени откако пожарот бил изгаснат. Причината за пожарот сè уште не е позната.

Русија во 2014 година незаконски го анектираше Крим, кој повеќето земји го признаваат како украинска територија.

Треба да знаете
Последни објави