Search

„Огнените“ бараат отворени листи и дискусија во раководството на ДУИ

Високи функционери на ДУИ, познати како „Огнената група“ вечерва одржаа средба со граѓаните и партиската база во Гостивар, побараа отворени листи и дискусија во раководството.

Во продолжение интегрелен текст од соопштението на „огнените“.

„Гостиварци масовно ја пречекаа делегацијата на високи функционери на ДУИ во состав потпретседателот Изет Меџити, организациониот секретар Блерим Беџети, секретарот за родова еднаквост Саранда Имери, претседателот на Надзорниот совет Муса Џафери, членот на Претседателството Невзат Бејта, Пратеникот Кастриот Реџепи, градоначалникот на општина Чаири Висар Ганиу, заменик министерот Башким Хасани и државниот секретар Аднан Ејупи.

Заменик министерот за одбрана Башким Хасани на отворањето на средбата со своите сограѓани рече дека наместо да зборуваат за нивните собири Заедно за Европа, тие се занимаваат со клевети и лични обвинувања на сопартијци, бидејќи имаат искуство дека тие клеветеле и претходно еден за друг.

-Тие што повикуваат на одговорност од мене ви велам да дадете отчет за сработеното, додека Артан нема легитимитет да бара одговорност од мене, тој што може да бара од мене одговороност е лидерот на партијата Али Ахмети но не Артан, рече Хасани.

Саранда Имери Стафаи, секретар за родова рамноправност, рече дека ДУИ во Гостивар од своето основање секогаш носела победа, дури и во најтешките моменти, но не освоила ниту една позиција во извршната власт ниту на други нивоа.

-Ме интересира и што има кажано Артан пред гостиварци, за кои ништо не направил. Сега луѓето со кои работевме деноноќно, не не сакаат во нашиот огранок, тие ги  води Артан Груби, кој одлучува кој е добар кадар, а кој не. Артан, те прашувам од оваа говорница: Кои се твоите вредности? Те познавам само како човек кој има направено повеќе лапсузи од кој било комичар, рече Имери.

За пратеникот Кастриот Реџепи е чест што е дел од овој масовен собир, бидејќи тука се граѓаните да разговараат за случувањата во ДУИ, бидејќи намерата е добра.

-Апелирам до првиот човек на ДУИ Али Ахмети да седне да разговара и да најде решение за доброто на ДУИ и на граѓаните, рече Реџепи.

Муса Џафери, најблискиот пријател на Али Ахмети и претседател на Надзорниот совет, го цитираше албанскиот премиер Еди Рама дека Артан е најдобриот Албанец меѓу Македонците и најдобар Македонец меѓу Албанците.

-Има и многу други лапсуси, без крај, а се чини дека целиот фокус е насочен кон овој човек, кој знае да анатемира, да критикува, да злоупотребува портали за исмевање на луѓето, затоа што е мајстор за потсмев. Шефот на извршната власт во име на ДУИ продолжува да ги навредува членовите на партијата, без никаква одговорност, дали мислите дека ќе дозволиме да ја уништи партијата после сите напори што ги дадовме за оваа партија, кажа Џафери.

На масовната средба во Гостивар, организацискиот секретар и градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети изјави дека Албанците и симпатизерите на ДУИ не можат да бидат незаинтересирани за состојбата во која се наоѓа партијата, затоа доаѓаат во толку голем број на состаноците, секој граѓанин е заинтересиран за инвестициски капитал, за работата на министрите, бидејќи ние сме најголемата албанска партија во државата. Но, не е доблест на Албанците да бидат арогантни и да ги користат медиумите за да ги навредуваат своите колеги, како во времето на комунизмот. Апелирам до претседателот на партијата да ја анализира загриженоста на членовите на ДУИ, бидејќи со принципиелна дебата се наоѓа решение за секој проблем, рече Беџети.

Градоначалникот на Гостивар во два мандати, додека моментално беше член на Претседателството, Невзат Бејта рече дека ќе биде во служба на гостиварецот и ќе се занимава со политика додека не го кренеме името на гостиварецот и на градот Гостивар.

-20 години на овој град и на оваа партија му дадовме се од животот, а сега од огранокот ме оддалечува кланот наречен огранок на ДУИ во Гостивар. „Тука доаѓаа седум дена во Гостивар, се криеја зад фотографиите што граѓаните ги правеа со председателот Ахмети, додека ниту еден министер не кажа за проект реализиран во Гостивар, барем само еден проект”, рече Бејта.

Средбата со граѓаните на Гостивар ја заокружи потпретседателот на Демократската унија за интеграција и пратеник на Скопје, Изет Меџити,  кој рече дека ова незадоволство почна порано.

-Го одложивме гласањето на владата за 17 дена, потоа ја спасивме владата со Кастриот. Да но ние разговаравме за овие грижи во претседателството и наоѓавме решенија. Сега имаме коалиција за Европа, зошто до сега не бевте со Европа? Кога ќе има потреба Артан ќе направи за Европа, зошто сега Кастриот не е за Европа. Во време кога власта има 64 пратеници, за да го спаси Артан, зема пратеници од опозицијата, значи таа е Алијанса за Артан, а не за Европа. Трчајќи да правиме акробации за 81, можеби немаме ни 61 пратеник. Гледаме дека не сме на вистинскиот пат, затоа што ова го слушаме од граѓанинот. Двајца граѓани од Полог ми рекоа фала што излеговте дека ќе ја спасите ДУИ, како што почна Артан се плашиме да ќе ги изгубиме изборите. Не излеговме да бараме позиции, туку го спасуваме лицето на Али Ахмет”, рече Меџити, заклучувајќи дека ни рекле дека грешите, дојдете дома, но вратата ни е затворена, затоа граѓаните ни ја отворија вратата.

Грешка беше Артан Грубин да биде организационен секретар бидејќи не ја познава структурата. Имаме парламент со лојални, но не и квалитетни пратеници. Ни требаат Отворени листи, рече Меџити.

Средбата со базата во Гостивар е седма по ред средба на високи функционери на ДУИ кои го кренаа гласот против неуспесите на извршната власт на ДУИ во владата на чело со Артан Груби. Претходно се одржаа средби во Студеничан, Битола, Куманово, како и во Скопје со форумот млади и форумот на  жени, додека во понеделникот таква средба имаше и во Кичево. Состаноци со базата се најавени и во други градови од земјава.

 

 

Треба да знаете
Последни објави