Search

Медведев: Пред 80 години непријателот беше сопрен, исто ќе биде и сега

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, по повод одбележувањето на 80-годишнината од битката кај Сталинград, истакна дека не треба да се даде ни најмала шанса за реванш на нацистичките сили.

Тој потсети дека пред 80 години, во 1943 година, на брегот на Волга, советската армија победи во една од најтешките битки во Втората светска војна. Заврши со целосен колапс на германските нацистички сили и фаќање на нивниот фелдмаршал Паулус.

Тој, исто така, истакна дека должност на рускиот народ е да го зачува споменот на хероите од Големата патриотска војна, нивната храброст, непоколебливост и целосна лојалност кон татковината.

– Неонацистичките сили, со кои денеска повторно треба да се бориме, не треба да имаат ни најмала шанса. Непријателот беше запрен и поразен пред 80 години. Нема да помине ниту сега – подвлече Медведев.

Во исто време, директорот на Службата за надворешно разузнавање и претседател на Руското историско друштво, Сергеј Наришкин, рече дека сликата на неосвоениот Сталинград засекогаш останува симбол на отпорот на рускиот народ против сите надворешни непријатели, без разлика што „меѓународна секта“ во која се обединети, пренесе Новости.рс.

Треба да знаете
Последни објави