Search

Македонските надежи ги дозна противниците на патот кон ЕП 2025!

Во Нион со ждрепката беа одредени квалификациските групи за Европско првенство во 2025-та година за играчи до 21 година. Македонските надежи се најдоа во груата Ц каде ќе играат со соодветните селекции на Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија и Гибралтар.

Според рејтингот во оваа возрасна категорија селекциите на Холандија и Шведска важат за најсилни тимови, кои беа ждребувани од првиот и вториот рејтинг барабан, а Македонија ќе се докажува против Грузија, Молдавија и Гибралтар со надеж дека ќе се замеша во трката за висок пласман и евентуално учество на завршниот турнир кој ќе се одржи во Словачка 2025 година.

Квалификациите ќе стартуваат во септември годинава, а ќе завршат во октомври следната година. Пласман на ЕП ќе изборат победниците од деветте групи, како и најдобрите три второпласирани селекции. Преостанатите шест репрезентации ќе играат плеј-оф за последните три билети за следниот континентален собир.

Група A: Италија, Република Ирска, Норвешка, Турција, Летонија, Сан Марино;

Група Б: Шпанија, Белгија, Шкотска, Унгарија, Казахстан, Малта;

Група Ц: Холандија, Шведска, Грузија, Македонија, Молдавија, Гибралтар;

Група Д: Германија, Полска, Израел, Бугарија, Косово, Естонија;

Група Е: Романија, Швајцарија, Финска, Албанија, Црна Гора, Ерменија;

Група Ф: Англија, Украина, Србија, Северна Ирска, Азербејџан, Луксембург;

Група Г: Португалија, Хрватска, Грција, Белорусија, Фарски Острови, Андора;

Група Х: Франција, Австрија, Словенија, Босна и Херцеговина, Кипар;

Група И: Данска, Чешка, Исланд, Велс, Литванија;

Треба да знаете
Последни објави