Search

Левица: Пробугарската влада повторно со репресија на левичарите

Непосредно пред одбележувањето на годишнината од раѓањето на Таткото на македонската нација – Гоце Делчев, повеќе членови на нашиот Централен комитет, без никаков повод и причина, утрово координирано се повикани на „информативен разговор” во полициските станици ширум Македонија.

Владата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одамна ставени во служба на неоврховизмот, продолжуваат со тактиките за заплашување и притисок врз Левица, како единствена антифашистичка Партија со теренска поддршка – бидејќи целта е да се задуши народниот антифашистички порив.

Наместо репресијата врз сопствениот народ, Министерството на Спасовски ги штити фашистите како Ангел Џамбаски, кога доаѓаат во Македонија, да ни ја негираат посебноста и да артикулираат иредентистички политики.

Тоа што не го разбираат овие политичари-полтрони е дека борбеноста која се содржи во македонскиот народ не може да биде угнетена преку ваквите подли методи својствени за хибридните режими!

Тоа го прават затоа што и тие како нас знаат дека, на крајот, сепак ние ќе победиме!

Треба да знаете
Последни објави