Search

Курти презентира шест услови за да се формира Заедницата на српски општини

Косовскиот премиер Албин Курти во Собранието на Косово во обраќање пред пратениците презентираше шест услови за формирање Заедница на српски општини, односно Заедница на општини со српско мнозинство. Според Курти, на формирањето треба да му претходи конечен договор со Белград, а ЗСО не може да има извршни овластувања.

Курти, во обраќањето пред пратениците во собранието во Приштина, побара од високиот претставник на Европската унија, Жозеп Борел, да повикува на чести и редовни средби за да се постигне конечен договор.

Условите на Курти за ЗСО:

  1. Мора да биде во согласност со Уставот и важечките закони.
  2. Заедницата не може да биде од иста националност, мора да го смени името, не може да има одбор и може да служи само за хоризонталната соработка на општините според Законот за локална самоуправа.
  3. Правата на националните малцинства и соодветните механизми за заштита треба да се засноваат на принципот на реципроцитет меѓу двете држави.
  4. Пред формирањето на Заедницата, треба да се затворат илегалните структури на север и да се предаде целото нелегално оружје.
  5. Заедницата е дел од конечниот договор и се спроведува по меѓусебното признавање.
  6. Претседателот на Србија ги повлекува писмата испратени до членките на ЕУ во врска со неприфаќање на Република Косово во ЕУ.
Треба да знаете
Последни објави