Search

Каевски: Неспособноста на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е директна штета за граѓаните и општините

Почитувани граѓани, почитувани новинари,
 
ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски продолжуваат со добро познатата пракса на скапи и нетранспарентни задолжувања.
Мицкоски најави, а неговите градоначалници спроведуваат скапи задолжувања на општини кои важат за едни од финансиски најстабилни.
Аеродром, Бутел, Гази Баба, Прилеп се општините кои преку општински обврзници ќе ги задолжат своите граѓани.
Заедничко за сите задолжувања е што тие се прават без да се наведе за што ќе се употребат парите, без да биде наведен рокот на отплата, а никој не знае ни колкави ќе бидат каматните стапки, кои поради економската криза стануваат се повисоки.
Она што се знае е дека овие обврзници ќе може да ги купи секој, вклучително и крупниот бизнис и големи компании кои потоа можат да влијаат врз работата и носењето на одлуки на градоначалниците и Советите.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ преку владата што ја предводи ги раздолжи општините.
50 милиони евра беа исплатени кон општините за да се расчистат долговите што локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги направи до 2017 година.
По 12 годишното владеење со општините, ВМРО-ДПМНЕ остави задолжени општини, општини со блокирани сметки и општини без проекти.
Сега, ВМРО-ДПМНЕ го прави истото, со неспособноста на градоначалниците се прави огромна штета врз општините, која со години нема да може да се поправи.
Ништо не се менува во партијата предводена од Мицкоски.
Неработење, партизација, масовни вработувања, поскапи услуги за граѓаните и задолжени општини – така ВМРО-ДПМНЕ ја практикува локалната власт.
Треба да знаете
Последни објави