Search

Екс-претседател на Барса се исповеда за затворот: Во затвор ме пречекаа со кутија кондоми и лубриканти

Поранешниот претседател на шпанскиот великан Барселона, Сандро Росељ за каталонските медиуми се исповеда за затворските денови откако заврши зад решетки поради перење пари и мина две години од кои има само – трауми.

Росељ беше претседател на Барса од 2010 година откако функцијата ја презема од Жоан Лапорта, сегашниот прв човек на клубот, а кога заврши со мандатот во 2014 година и Жозеп Марија Бартомеу го наследи, се соочи со тужби за финансиски криминал и по шест години судење заврши во затвор.

А, таму се соочил со закани по својот живот, но уште на почеток сфатил дека влегува во – пеколот!

„Кога влегов во затвор, на влезот ми дадоа четири кондоми и четири кесички вазелин. И таму (во затворот – н.з.) од вас никој ништо не бара, па мене на почеток не ми беше јасно со кондомите и вазелинот, ама набрзо сѐ сфатив. Во затворите има многу хомосексуални работи, дури и од луѓе кои не се хомосексуалци“, вели Росељ.

Тој додава дека цимерите во затворската ќелија го спасувале и го бранеле, а станал пријател и со „кралот на циганите“.

„Ми се закануваа многупати, но цимерите ме спасуваа и ме бранеа. Сакаа неколкупати да ме претепаат. Првиот пат во Мадрид зашто им сметав дека сум Каталонец, а вториот пат зашто бев претседател на Барса. Двапати ми се закануваа со смрт. Два пати ме одбранија и не бараа ништо за возврат. Еден ми се закануваше дека мора да му плаќам сѐ живо или ќе ме убие. Ама, пријателите ме одбранија. Кога ме преселија во затворот во Барселона, станав пријател со ‘кралот на циганите’. Еден од неговите ми се закануваше, но тој потоа нешто само ми кажа и сѐ заврши“, додаде Росељ.

Треба да знаете
Последни објави