Search

Државната изборна комисија го одбележа Глобалниот ден на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го одбележа Глобалниот ден на изборите и беше промовиран Порталот за избори, кој е веќе достапен на следниот линк :https://ep.sec.mk/

Од ДИК посочуваат дека како резултат на заложбата која произлегла од Глобалната конференција за избори која се одржала од 15 до 17 септември 2005 година во Будимпешта, Унгарија, Глобалниот ден на изборите секоја година се одбележува во првиот четврток во февруари. На овој ден изборните комисии ширум светот организираат тркалезни маси, дебати, работилници, средби со граѓани и сл. со цел да ја истакнат посветеноста на заштита на правото на глас како едно од основните човекови слободи и права.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски посочи дека изминатите 17 години, откако постои како професионален орган, мисијата на Државната изборна комисија остана непроменета.

– Да подготвуваме, организираме и спроведуваме избори според стандарди и процедури кои обезбедуваат рамноправни услови за сите учесници во изборите и општо, еднакво, слободно и тајно право на глас за секој гласач, соопшти Даштевски.

Тој нагласи дека водечки принципи на работата на ДИК и на изборната администрација и понатаму остануваат уставноста и законитоста во работењето, транспарентноста и одоговорноста, независноста и непристрасноста, како и постојаното подобрување и унапредување на работата.

Почитувањето на овие принципи, како што нагласи, ја етаблираше Државната изборна комисија како институција со интегритет, како кај домашната, така и кај меѓународната јавност.

-Потврда за тоа е и минатогодишната анкети на Државната изборна комисија, според кои довербата кај граѓаните во ДИК е 53,1 отсто – вредност која ние ќе работиме за да ја надминеме. Во спроведувањето на нашата мисија важна ни е поддршката од сите чинители во изборите: граѓаните пред се, медиумите, граѓанските организации, политичките партии, но и нашите партнери кои не поддржуваат во остварувањето на нашите цели: Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС, како и Мисијата на ОБСЕ, порача Даштевски.

Пред присутните се обрати и потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху.

Треба да знаете
Последни објави