Search

Димова тврди дека е невина, нејзиниот соработник призна дека злоупотребувале пари од европски фондови

Ексдиректорката на Националната агенција за европски образовни програми Лидија Димова и благајничката Ана Павлиду не се чувствуваат за злоупотреба на европски фондови. Но второобвинетиот, Александар Гочев призна вина за имама, па судијката ја разводи неговата постапка.

Во воведните зборови, обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска рече дека на истрагата работеле подолг период од вообичаено поради специфичноста на случајот, па морале и да се консултираат и со претставник на Европската агенција за борба против корупција, ОЛАФ.

Обвинителниот акт е поделен во три дела и се однесува на противзаконски склучени договори со надворешни експерти, јавни набавки спротивни на закон и малверзации со пари од благајната на Агенцијата. Гочев и Павлиду се опфатени во делот со благајната, каде според Обвинителството извлекле 15.000 евра, пари кои се уште не се вратени.

Адвокатот на благајничката Павлиду рече дека поседуваат записи и сметки кои ќе докажат дека таа е невина.

Според одбраната на Димова, пак, ОЛАФ се заинтересирал за случајот, но не утврдил малверзации. Нивниот став е дека Димова не работела противзаконски, туку напротив, ги штитела интересите на Агенцијата.

„Тезата на Обвинителството е дека не биле спроведувани јавни набавки, дека немало огласи“.

„Да тезата нивна е таква, меѓутоа, нема предочено спротивна на која одредба на Закон за јавни набавки е постапено. Наспроти тоа, ние објаснивме дека целокупната процедура е запазена баш согласно Закон за јавни набавки, цитирајќи според кои членови е тоа направено“

„Според вас, не постои штета злоупотреба и штета на фондовите?“

„Не, па нема досега ни еден што се пријавил оштетен од тоа“, вели адвокатот на Димова.

Тројцата обвинети се товарат за злоупотреба на 320.000 евра, европски пари.
Димова, се гони за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница. Александар Гочев за кривично дело „измама“, исто така, на штета на Европската заедница и Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.

Следното рочиште е закажно на 3 март.

Треба да знаете
Последни објави