Search

Вучиќ: Ќе го почитувам Путин, но имам само една татковина, а тоа е Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната „жешка“ парламентарна седница за Косово изјави  дека Србија можеби ќе мора да ѝ воведе санкции на Русија.

-Не сум воодушевен со тоа, но не знам уште колку ќе издржиме да не воведеме санкции. Плаќаме цена што не ги воведовме досега, но тоа е прашање на политичкото определување на нашето раководство, кажа Вучиќ.

Зборувајќи за односите со Москва, претседателот Александар Вучиќ потсетува дека Србија не воведе санкции кон Русија, дека го почитува претседателот Путин, туку дека за него има само една земја на која и служи, а тоа е Србија.

-Ти зборуваш со мене, а Владимир Путин не ни знае како изгледаш. Тој ми го даде Орденот на Александар Невски, а не ти. Тоа го добив затоа што се почитуваме како независна земја. Мое е да и служам на Србија и на никој друг. Ќе го почитувам претседателот Путин, но имам само една татковина, а тоа е Србија. Тоа е разликата меѓу мене и тебе, одговори Вучиќ на еден од пратениците.

Треба да знаете
Последни објави