Мбапе неизвесен за натпреварот против Баерн во Лигата на шампионите

Напаѓачот на францускиот фудбалски првак ПСЖ, Килијан Мбапе се повреди на натпреварот од 21. коло на шампионатот против Монпелје (3:1). Дваесет и четиригодишниот Французин беше заменет во 21. Минута.

Според „Л’Екип“, играчот го повредил коленото и сега може да го пропушти осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн.

На натпреварот против Монпелје се повреди и дефанзивецот Серхио Рамос.

Средбата ПСЖ – Баерн ќе се одигра на 14 февруари во 21 часот.

Треба да знаете
Последни објави