Search

МЖСПП: Се доопремуваат училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата за следење на животната средина

 Триесет и две училишта од земјава, од кои 12 средни и 20 основни, како и една детска градинка, се дел од светска научна и образовна програма за Глобално учење и набљудување во полза на животната средина (ГЛОБЕ), што се имплементира на глобално ниво од страна на Канцеларијата за имплементирање на Програмата ГЛОБЕ во рамките на Универзитетската корпорација за атмосферски истражувања (УЦАР) во САД.

– Горди сме што 32 образовни установи во државава се дел од светската мрежа и обележени со координати со собраните податоци ја дополнуваат сликата за состојбите со животната средина на глобално ниво. Нашата држава преку Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) е дел од оваа мрежа уште од 1998 година и во изминатите 24 години функционираше со помал или поголем интензитет. Во 2021 година со финансиска поддршка од амбасадата на Соединетите Американски Држави беше доделена опрема за спроведување на активностите од Програмата во 27 училишта со вкупна вредност на донацијата од речиси 700 илјади денари, соопшти МЖСПП.

Како што додаваат, Министерството во рамки на Буџетот за 2022 година, овозможи набавка на инструменти со вкупна вредност од 410 илјади денари, со кои се докомплетираше опремата потребна за извршување на мерењата согласно барањата од ГЛОБЕ протоколите за оние училишта кои веќе добија дел од опремата, но и за новоклученитенабави хемикалии за извршување на мерењата со вкупна вредност од 150 илјади денари и средства за годишна обука на професорите вклучени во спроведување на ГЛОБЕ.

Опремата е распределена на училиштата согласно нивните потреби и барања. Секое училиште преку набавките и распределбата е опремено со комплетни сетови и хемикалии потребни за следење на протоколи за мерење и испитување на петте области од животната средина, со што ќе се овозможи континуитет во мерењата за учебната 2023 година.

Оваа Програма, посочуваат од МЖСПП, е спонзорирана од НАСА во соработка со Националната агенција за океани и атмосфера (НОАА), американската Национална фондација за наука и Стејт Департментот и таа овозможува над 37 илјади училишта од 124 земји водени од над 40 илјади ГЛОБЕ тренери да мониторираат податоци од пет области на животната средина (Атмосфера, Биосфера, Хидросфера, Педосфера и Земјата како систем) и да ги внесуваат на централната платформа во која секое мерно место и секое училиште е внесено со координати.

– Со процесот на имплементација на ГЛОБЕ Програмата, директно се работи на подигање на јавната свест за потребата од мониторинг во повеќе медиуми на животната средина и потребата за поголема грижа за природните ресурсиБенефитете од Програмата се повеќекратни, за учениците, наставниците, институциите, научниците, но и за широката јавнаст. Праксата покажа дека мерењата на параметрите педвидени во Глобе протоколите и те како беа корисни за локалното население во повеќе региони во земјата, како што е пример со Валандовао, каде мерењата на учениите ги предупредуваа земјоделците за претстоечките минусни температури и потребата од преземање на заштитни мерки, се вели во соопштението.

Ефикасното реализирање на ГЛОБЕ Програмата, велат од Министерството, овозможува едукација на учениците за потребите од информации за состојбата, квалитетот и перспективата на животната средина и одржливиот развој, овозможува стекнување на практично искуство и придонесува за унапредувањето на образовниот систем, особено кога во редовната настава нема посебна образовна програма и курикулум за животната средина.    

– Капацитетите за ефикасна имплементација на ГЛОБЕ Програмата се дополнителен аспект на одржливост бидејќи одговорното управување и транспарентност при имплементацијата, резултираат со долгорочен партнерски однос помеѓу донаторите на финансиските средства и ефикасното управување со целокупните материјални и човечки ресурси. Добиените податоци и информации, кои резултираат од активностите на Програмата, во континуитет се објавуваат на ГЛОБЕ веб-страницата и се користат како дополнителни индикативни податоци на државниот мониторинг систем, и се користат и за научни истражувања од страна на повеќе светски институции, меѓу кои и НАСА, ЕСА и други, наведуваат од МЖСПП.

Треба да знаете
Последни објави