Search

МААЕ го критикува Иран поради промени во системот за збогатување на ураниум

Во доверлив извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) упатени се критики до Иран за непријавената промена на интерконекцијата во нуклеарната централа Фордов, со која се поврзани две центрифуги од типот ИР-6 за збогатување ураниум до 60 проценти чистота.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси е загрижен поради тоа што Иран направил значителни промени во постројката за збогатување ураниум во Фордо без претходно да ја извести Меѓународната агенција на ОН за нуклеарна енергија, се наведува во доверливиот извештај.

Треба да знаете
Последни објави