Search

Левица: Додека народот плаќа поскапи кредити – лихвобанките печалат

Народна банка уште кон крајот на 2021 година започна да ја затега монетарната политика преку зголемување на каматата на благајничките записи и референтната стапка, за да се одржи финансиска стабилност и ликвидност во банкарскиот сектор и да се забави инфлацијата. Од преземените мерки, само лихвобанките остваруваат екстра профити, а народот плаќа сè поскапи кредити.

Растат ратите на кредитите со променлива каматна стапка, посебно ако се врзани со шестмесечен ЕУРИБОР, кој од негативна вредност, веќе порасна на 2,942 отсто, како и со каматната стапка на благајничките записи, која за една година се зголеми 3 отсто.
Вкупните кредити на домаќинствата во декември минатата година се зголемија за 222 милиони евра од претходната (во денари и во странска валута) и изнесуваат 3,5 милијарди евра. Просечниот граѓанин должи 1.902 евра, што е за 120 евра повеќе од пред една година.

Највисоки се каматите за пречекорувањата, кредитните картички и нередовните плаќачи, на кои им се пресметува највисоката законски дозволена каматна стапка, а во моментов изнесува 12,7 отсто.

Народот се задолжува сè повеќе, не само со кредити, туку и со негативни салда и кредитни картички. Со рефинансирање се обидува да ги покрие дупките во домашниот буџет, но само се префрлаат парите од шупливо во празно.
Додека некој се задолжува, друг се луксузира и штеди. Вкупните депозити за домаќинства во декември минатата година се повисоки за 287 милиони евра, изнесуваат 5,3 милијарди евра. Монетарните мерки им овозможија на лихвобанкарите да профитираат, додека народот барајќи излез за надминување на сиромаштијата, стана сè посиромашен и позаглавен во долгови.

Владата предводена од СДС и ДУИ не презеде никакви мерки за регулација на банкарскиот сектор, кој печали врз сиромаштијата на народот. Напротив, хибридниот режим на власт дури го отфрли тн анти-провизиски закон, поднесен од пратениците на Левица, со што се стави со служба на грабежот на лихвобанкарите.

Треба да знаете
Последни објави