Search

Кремонезе славеше среде Рим ја исфрли Рома од Купот

Екипата на Кремонезе направи големо изненадување и со победа над Рома (1-2) на гостински терен се пласира во полуфиналето од Копа Италија.

Фенерџијата во калчото го одигра можеби најдобриот натпревар сезонава баш против „волчицата“ на Жозе Мурињо и му застана на патот кон посакуваниот трофеј на клубот од вечниот град.

Резултатот на „Олимпико“ се отвори во 28. минута кога од пенал кој го направи Руи Патрисио, за предност на гостите погоди Десер. На самиот старт на вториот дел Челик си постигна автогол за 0-2. Кога сите чекаа крај, Андреа Белоти со убав гол донесе 1-2, ама немаше време за нешто повеќе.

Покрај Кремонезе, во следната фаза од Купот на Италија патува и Фиорентина која беше подобра од Торино (2-1). Последниот патник ќе биде познат по натпреварот меѓу Јувентус и Лацио.

Треба да знаете
Последни објави